Најмалку три штипски конфекции, една во Пробиштип, но и странските инвеститори во Кочани денеска работат, а работниците не го празнуваат 11 Октомври, вели Кристина Ампева од здружението „Гласен Текстилец“ од Штип. Забележа дека работодавците после се чудат зошто нема работници.
За овие, за кои имам сознанија отприлика три конфекции и тоа поголеми, ќе ги известам нивните брендови, за кои работат, иако можеби е законски да работат, сепак го злоупотребуваат истиот Закон, а богами и Законот за минимална плата за што имаме реагирано како здружение за неисплаќање на минимална плата, непријавени работници, неисплаќање на додатоци на плата. Бидејќи им е полесно да платат казна на инспекциите, овој пат ќе преминеме кон известување на брендовите со нашите партнери од странство па нека проценат тие дали е во ред вакво работење. За останатите кои не се дел од текстилната индустрија, а добивме сознанија дека работат денес, ќе провериме дали пријавиле и дали ќе платат празнична дневница, вели Ампева.
Посочи дека има и позитивни примери, односно поголемиот дел од компаниите во Штип и источниот регион не работат на државниот празник, а некои од нив го поврзале и викендот со денешниот празник
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.