Земјоделската сезона се одвива интензивно, досега за 2023 година бележиме одлични приноси од сите стасани производи на полињата на територија на целата држава. Оваа сезона надминавме бројни предизвици и проблеми, експресно и навремено ја реализиравме институционалната поддршка за земјоделците и секогаш остануваме да бидеме потпората за квалитетното земјоделско производство. Политиките и мерките кои ги превземаме се секогаш во партнерство со земјоделците, а во насока на постигнување на целта која заеднички ја споделуваме.
Годинава активно работиме на обезбедување на дополнителни количини на вода за светиниколско. Вработените од подружницата на АД Водостопанство, заедно со локалните канцеларии на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, веќе одреден период се на терен на разговори со земјоделците, при што заеднички со нив се подготвува планот за наводнување за оваа сезона. Планот предвидува вода до секоја обработлива површина и правилен распоред за наводнување. Секогаш партнерски, заедно со земјоделците ги утврдуваме нивните приоритети и сме отворени за сите нивни барања и потреби. Постапуваме брзо и навремено, нашите активности, мерки и постапувања ги кроиме согласно визијата која ја споделуваме со земјоделците.
Комплетно го решаваме наводнувањето на Овчеполието, целосно сме посветени на реконструкција, модернизација и осовременување на хидросистемите, објектите и инфраструктурата која обезбедува наводнување за Свети Николе и околните општини и села. Веќе се дефинирани прироритетите кои значат зголемено производство за земјоделците од овој крај. Преку програмите на министерството фокусирани сме на два клучни проекти за целосно решавање на наводнувањето во Свети Николе, првиот се однесува на реконструкција на Десниот магистрален канал и санации на главниот цевковод во реонот на Истибања кој ќе обезбеди доволни количини на вода за Свети Николе и сите општини и населени места со кои управува светиниколската подружница на АД Водостопанство, вториот се однесува на целосна реконструкција на цевководот кој доаѓа од акумулацијата Мавровица, со што комплетно се обезбедува наводнување на површини од над 3.000 хектари земјоделска обработлива површина од Овчеполието.
Со Програмата за водостопанство и Програмата за рурален развој на министерството обезбедуваме средства за зголемување на протокот на вода од цевководот Калиманцисѐ до последните обработливи површини во светиниколско. Проектот ќе опфати реконструкција на десниот магистрален цевковод со што ќе се елиминираат загубите на вода, паралелно на ова ќе се санираат свлекувања во Истибања. Со овие чекорисе обезбедува полнење на цевководот во неговите максимални капацитети за кои што интервенции веќе со следниот ребаланс подготвуваме обезбедување на проектна документација. Во екот на тековната, ги правиме подготовките и за следната сезона, при што обезбедуваме полн капацитет на работа на цевководот од самиот почеток, до неговиот крај, односно доволни количини на вода ќе се испорачуваат кон земјоделските површини во Свети Николе кои ќе обезбедат непречено наводнување.
Дополнително подготвен е проект за обезбедување на вода за наводнување преку акумулацијата Мавровица, кој е планиран да влезе во следниот буџет и програма на министерството како приоритет за зголемување на наводнувањето во Овче Поле. Овој проект предвидува замена на постоечкиот цевковод со квалитетна метална цевка која поседува соодветна заштита од корозија, промена на линиски затврачи, водушни вентили и инсталација на хидранти. Со ова ќе се стави крај на тековната поправка на дефекти кои постојано се појавуваа и ќе се обезбеди квалитетна и навремена достава на вода до сите обработливи површини до кои стигнува системот.
Министерството секогаш стои на иста страна со земјоделецот, работиме на заедничка агенда која предвидува успех за сите субјекти вклучени во дејноста. Ангажирани сме за создавање на услови за раст и развој, земјоделието е носечки столб на развитокот на државата, затоа стоиме цврсто на оваа определба и секојдневно сме посветени на воведување на нови решенија кои ќе обезбедат прогрес и сигурна иднина на земјоделците и сите граѓани на државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.