Министерството за труд и социјална политика, преку прилагодување на прописите од областа на социјалната заштита, обезбеди олеснет пристап до остварување на правото на гарантирана минимална помош и остварување на паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството и за месеците од април до септември за време на вонредни околности, односно за времетраењето на пандемијата со КОВИД 19.

 

Министерството за труд и социјална политика, со оглед дека вонредните околности со пандемијата од КОВИД 19 се завршени, ги известува граѓаните дека олеснетиот пристап до правото на гарантирана минимална помош престанува да важи и корисниците на гарантирана минимална помош ќе остварат паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството за месеците од октомври до март, согласно Законот за социјалната заштита, сметано од 30.06.2022 година.   ​



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.