Околу 2700 студенти, корисници на стипендии од изминатите академски години, ќе добијат покачување на средствата, односно наместо досегашните 3000 денари, овие студенти во иднина ќе земаат стипендии во висина од 6050 денари, соопштија денеска од Министерството за образование и наука (МОН).
Од МОН потенцираат дека со оваа одлука одговориле на барањата на студентите и уште еднаш ја потврдиле заложбата за еднаквост и грижа за оваа категорија граѓани.
Студентите корисници на оваа категорија стипендии, во текот на идната недела ќе бидат информирани за начинот и постапката за регулирање на ова право.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.