ММФ потврди со СДС и Ковачевски Македонија е зад Косово, Албанија и Црна Гора, кои имаат и над 50% поголем економски раст. Со СДС Македонија има 50% помал економски раст од Албанија. ММФ во вторникот прогнозираше раст на Македонската економија од 2.5% за оваа година, а во исто време проекцијата за Албанија е 3.6%, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија со СДС е 80% зад Црна Гора. Растот на Црногорската економија за оваа година од страна на ММФ се прогнозира дека ќе биде 4.5%, во споредба со растот во Македонија од 2.5%, тоа е за 80% подобар резултат.

Со СДС Македонија е послаба и од Косово, чија економија оваа година се проценува дека ќе расте 3.8%, за разлика од Македонската со 2.5%.

СДС и ДУИ не знаат да се справат со инфлацијата. Во ситуација кога истата во еврозоната е само 4.3%, во Македонија е 6.6%.

Со СДС Македонија е на дното не само во Европа, туку и во регионот. Македонија уназадува со СДС. Потребни се промени“ – порачуваат од партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.