Премиерот Димитар Ковачевски денеска потроши нешто повеќе од 300 денари, кога придружуван од новинарите влезе во маркет да ги види цените на производите. На ваквиот ПР на Ковачевски не остана имун аналитичарот Ивор Мицковски:

Престанете со оваа ПР спрдачина, се спрдате со сиромашен народ, откако цените полудеа, а сеа ќе се залажуваме со симболични намалувања.
Второ, ако носиш реални и функционални мерки сигурно нема да ги упропастуваш со вакво спрдање, туку ќе оставиш сами да зборат за себе.
Мизерија во секој поглед.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.