За две недели пензионерите ќе добијат повисоки пензии за 8,4%. Советот за социјална сигурност го усвои покачувањето според новата методологија за корекција на пензиите – 50% од порастот на просечната плата и 50% од зголемените трошоци за живот.

Новото покачување на пензиите ќе им донесе 900 денари плус на корисниците на најниски пензии. Оние, пак, кои со највисоки пензии ќе добијат околу 4 илјади денари плус.

Сојузот на пензионери ја поздрави одлуката, но укажа и на потребата од нов пакет финансиска помош за најранливите пензионери, доколку буџетот има таква кондиција.

„Бидејќи тие се краткорочни мерки, пензионерите бараат некои од тие права што им беа дадени, доколку има можност, да продолжат и понатаму. Ние како сојуз сме свесни дека сите предлози што се даваат треба да бидат и одржливи“ – Станка Трајкова, претседателка на СЗПМ

Министерката за труд, пак, најави дека наскоро ќе се утврди и минимална пензија. Кој ќе биде прагот ќе се дискутира во иднина.

„Ќе им излеземе во прсрет на оние со најниски пензии и согласно податоците од светска банка да го утврдиме тој праг на сиромаштија со кој ќе ги заштитиме пензионерите од ранливост.“ – Јованка Тренчевска, министерка за труд

Во земјава живеат околу 330 илјади пензионери. Од нив, најголем дел користат пензија до 20 илјади денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.