Минатата година на АД ЕСМ поранешно ЕЛЕМ државата префрли повеќе од двесте милиони евра за тековното работење. Кога јас бев директор на АД ЕЛЕМ оставив милијарда и пол денари депозити во банките и околу триста и шеесет милиони на сметката на тогашното АД ЕЛЕМ и нула долгови со редовно исплатени плати, к-15, ремонти итн., изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Општина Свети Николе.
Додаде дека пет години потоа државата на АД ЕСМ поранешно ЕЛЕМ државата му плаќа двесте милиони евра за да може да работи
Сомнително е денеска зошто не се произведува евтина струја во Осломеј и Битола туку се произведува во ТЕЦ Неготино на мазут кој е најмалку за три пати поскапа цената произведена од таа што би се произведувала евентуално во Битола. Зошто блоковите во Осломеј и Битола се на 40,50,60% од инсталираниот капацитет а во Неготино се троши мазут кој се плаќа 3,4,5 пати повисока цена – изјави Мицкоски.
Мицкоски е дециден дека брзо ќе се добие одговор кога низ една истрага ќе може да се дојде до вистината како се крадел народот во Македонија во изминатите пет и пол – шест години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.