Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Христијан Мицкоски при денешната посета на општините Ново Село и Босилово, во рамките на активноста „Промените на дело“ извршија увид на градежните работи на патот кој ги поврзува овие општини, при што од новинарите беше запрашан колку државата ќе ја чини пропадната како и ново издадената еврообврзица.
Мицкоски истакна дека поради пропадната еврообрзница новата се издаде со повисока камата и за власта да манипулира со бројките од каматата, обврзницата од 600 милиони евра ја намалија на 500, а од друга страна се задолжија и кај македонските банки, пари кои претежно се наменети за стопанството.
Првата којашто пропадна поради потписот на сменетиот министер за правда, колегата Тупанчевски, беше со каматна стапка од 6,5%, а оваа втората е со каматна стапка од 7,25%. Првата беше 600 милиони втората, за да манипулираат со бројките во каматата, ја намалија на 500 милиони, затоа што во меѓу време ги притиснаа домашните банки, па издадоа обврзници на домашен пазар. И наместо парите, банките парите да ги пласираат во стопанството, во фирмите за да може во овие тешки времиња фирмите некако да ја поминат годината, парите за до тие 600 милиони отидоа во државата, за да може дражавата преку тендери во четири очи, да краде. Тоа е суштината, истакна Мицкоски.
Додека пак штета, додаде Мицкоски е некаде од прилика 18 милиони ерва, а со тие пари можеа да се изградат најмалку 10 најсовремени училишта, градинки или спортски сали или пак тие пари можеше да им се дадат на производителите на леб за да не се зголемува цената за граѓаните.
Штетата е од прилика 18 милиони евра. Со 18 милиони евра вие можете да направите, еве да речеме, ако оваа делница овдека е 300 илјади евра, тогаш можете 60 вакви делници да направите. Значи, на 60 места, на илјадници земјоделци да им го олесните пристапот до нивните поседи за да можат полесно да пристапуваат. Да направите, да речеме, десет современи училишта, да направите 10 градинки, да направите 10 спортски сали. Ете толку чинат тие 18 милиони. Или пак, на крајот од денот да им дадете на произведувачите на леб за да не се покачи лебот за граѓаните. Од прилика толку оваа, би рекол глупост, на владата ќе ги чини граѓаните, посочи Мицкоски.
Мицкоски укажа дека иако од власта сега мислат дека се многу јаки, по промената на власта ќе се констатира одговорноста и виновникот за оваа работа, при што ќе следи и одговорност согласно кривичниот законик.
Тие сега мислат дека се многу силни и дека нема да има одговорност, јас ви тврдам по промената на владата, јасно и недвосмислено ќе ја констатира одговорноста и кој е виновникот за целата оваа работа. Има кривчниот законик одредби кои што ги третира овие несовесни однесувања во службата, после тоа да нема плачење, лелекање. После тоа да нема плачење и лелекање, еве уште сега предупредувам, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.