Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи смета дека треба да има одговорност доколку се утврди човечка грешка во процесот на издавањето на еврообврзницата којашто беше повлечена.

Одговарајќи на новинарско прашање колкава е штетата од повлекувањето на еврообврзницата, Битиќи на маргините на конференцијата за дигитализација на царинското работење, рече дека еврообврзница се издава во оној момент кога е најповолно на пазарот.

За жал се случи административна потешкотија односно грешка да не можеме да ја потпишеме, затоа што законите кои што се на сила така укажуваат. Секако, ако органите кои што треба да следат увидат дека има човечки фактор кој што треба да носи одговорност го знаете мојот став –  одговорноста не може да биде колективна, таа мора да биде лична, рече Битиќи.

Сепак, тој смета дека во овој момент е добро што државата успеа да издаде еврообврзница од 500 милиони евра за цена која што на финансискиот пазар е сѐ уште ниска, за разлика од онаа што може да ја добијат други држави, како и дека не се случија сценаријата кои што кажуваа дека ќе се наруши кредитниот рејтинг што се покажа со тоа што имаше за четири пати поголема понуда од тоа што ние се бараше.

Од друга страна, неговиот колега Фатмир Бесими тврди дека зголемената каматна стапка нема да значи и поскапа обврзница бидејќи имало промена во инфлаторните движења.

Ако гледаме на 600 милиони евра во февруари и ако имаше 600 милиони сега, само со еден инструмент кој е евидентен се од прилика на исти трошоци, ако се смета дека 100 милиони би оделе со буџетска поддршка, рече Бесими наместо да каже каде е вината.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.