Премиерот Христијан Мицкоски посочи дека не е сигурен дали утре ќе ги убеди банките да субвенционираат дел од трошоците за кредити за фирмите кои ќе дојдат од унгарскиот кредит.
– Знам, сигурно, дека корисниците ќе ги имаат оние услови за кои не зборувавме, но морам да напоменам дека и во минатото, во овие 3 децении, државата секогаш субвенционирала ваков тип на кредити и огромна сума на средствата завршиле во банките по камата или што позајмувате – вели премиерот
Премиерот очекува утре на средбата со банките да има отворена дискусија за состојбите, но не е сигурен дали средбата ќе вроди со плод и дали ќе успее да ги убеди банкарите да субвенционираат дел од трошоците за кредитите што ќе им бидат распределени на компаниите од Унгарија.
– Очекувам да се видиме, отворено да разговараме и очекувам до крајот на утрешниот ден да ја завршам целата работа и од наредната недела да започнеме со подготовките за реализација на кредитот. Зошто добивам повици на дневна основа од заинтересирани економски оператори кои сакаат да бидат корисници на оваа линија за да можат да ги подобрат инвестициските перформанси на вашата компанија – изјави денеска премиерот Мицкоски.
Засега е познато дека само една банка покажала подготвеност да субвенционира дел од трошоците, додека другите се помалку расположени.
Премиерот денеска ги повика банките да покажат, како што вели, општествена одговорност во ситуација на глобални предизвици.
– Како Влада ќе се дадеме и цениме дека во овие предизвикувачки услови во светот ова е најмалку што можеме заедно со банките… Како влада, со сите компании со кои соработуваме, сакаме да видиме општествена одговорност. Нормално е некој да користи средства од граѓаните за да им врати нешто на граѓаните, тоа не е нешто ненормално. Ако некој ја банализира таа општествена одговорност, се грижам дека сум тргнал на погрешна траекторија – вели Мицкоски.
Ако нема договор со банките ќе се прилагоди во зависност од тоа каков ќе биде договорот утре.
-Но сигурно ќе биде најмалку два пати помалку отколку ако излеговме на отворен пазар и преку еврообврзници да молиме пари, зошто да не вратиме една таква Еврообврзница на 25 јануари, зошто на таа истекува седумгодишна еврообврзница од половина милијарда злоти во 2018. Не можеме да добиеме ниту еврообврзница, ниту заем додека излегуваме на отворен пазар со камата од 6 до 6,5 отсто – дополни Мицкоски.
За потсетување договорот за заем од 500 милиони евра со каматна стапка од 3,25 отсто, со рок на отплата од 15 години, односно вклучен грејс период од три години. Тие пари ќе влезат како средства во буџетот, од кои 250 милиони евра ќе се насочат кон Банката за развој, а таа преку деловните банки треба да ги пласира во приватниот сектор за инвестиции, а останатите 250 милиони евра се наменети за инфраструктурни проекти. главно за финансирање на општински проекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.