Министерот за економија Крешник Бектеши денеска изјави дека до министерството се доставуваат лажни фактури за увоз на пелети, и ги повика надлежните да постапуваат.
Министерството утврдило дека се доставуваат лажни фактури за пелети во делот на увозот во нашата земја, и затоа трговците на пелети се жалат со цената која е замрзната. Цената на пелети не ја утврдува министерството за економија, туку доаѓа како предлог на Македонски шуми и цените кои ги имаме од царинската управа. Во цената која е пријавена во царинската управа е 24 денари по килограм. Ако доставиле лажни фактури, и направиле договори со производителите во странство, ја повикувам УЈП да ги контролираат и веднаш да бидат санкционирани. Ако кај нас се доставуваат 24 денари, а тие не можат да ги продаваат со 27 денари, тогаш тие фактури кои се доставуваат во царинската управа се невистинити, и тоа е кривично дело – рече Бектеши.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.