Живела мизерија, коментира Ивор Мицковски на заедничката фотографија на Владата, ССМ и Организиацијата на работодавали, со која ја илустрираат победата на работниците и нивното извојување на покачување на минималната плата на 18.000 денари.

Јавноста е поделена за почакувањето на минималната плата, бидејќи тоа се прави вештачки. Од друга страна, синдикатите инсистираа на покачување на 18.000 денари и скалесто покачување на другите плати, бидејќи, како што викаат, со 15 илјади денари не може да се помине месецот.

Премиерот Димитар Ковачевски синоќа објави дека е постигнат договор со Сојузот на синдикати и со работодавачите за минимална плата од најмалку 18.000 денари.

Како што објави Ковачевски на својот фејсбук профил, 80.000 сограѓани, работници во различни индустрии, почнувајќи од мартовската плата ќе земаат најмалку 18.000 денари.

Среќен сум и задоволен што можам да соопштам дека постигнавме договор и со Сојузот на синдикати и со работодавачите. 80.000 наши сограѓани, работници во различни индустрии, почнувајќи од мартовската плата ќе земаат најмалку 18.000 денари, напиша премиерот Ковачевски.

 

Оваа сума, како што рече, означува раст на нето-платата на овие работници за околу 45 евра месечно.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.