Според „Евростат“, во првата половина од 2022 година македонското стопанство плаќа убедливо најскапа струја. Ако се вратиме пет години наназад, во 2017 година, тогаш стопанството плаќало најевтина струја, споредено со земјите во регионот.
Тоа е шокантната состојба до која нè доведе оваа власт! Високата цена на енергијата ги прави македонската економија и стопанство неконкурентни на пазарот, а тоа значи „клуч на врата“ и отпуштање работници за многу македонски, но и странски компании во државата.
Она што уште повеќе загрижува е што голем број од луѓето кои ќе изгубат работа, својата среќа ќе ја бараат во странство и така Македонија најмногу губи, вели во интервјуто за Република, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.