Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска оствари средба со раководството на Стопанската комора на северо-западна Македонија во рамки на редовните дијалози со претставниците од стопанството и бизнис секторот.

На средбата беше разговарано за економската состојба во државата, која од двете страни беше оценета како исклучително тешка.
Дадовме силно уверување дека забрзано и посветено ќе продолжи реализацијата на проектите на општините во насока на подобрување на бизнис климата и инфраструктурата за поголем економски развој, порача Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.