Споделувајќи исечок од гостувањето на Цветан Трипуновски во „Заспиј ако можеш“, претседаелот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, како ѓто вели, љубезно прашува во името на 15.000 земјоделци кои ги извезуваат своите производи во Русија и Украина дали власта им обезбедила алтернативни пазари со оглед на тоа што од ноември знаела за руската инвазија на Украина.
Да не кажат дека само критикуваме, еве љубезно прашуваме… Прашуваме во име на 15 000 семејства кои со неизвесност ја чекаат пролетта!
Ако знаевте дека голем процент на земјоделските производи од Македонија се извезуваат во Русија и Украина, дали најдовте нови, алтернативни пазари за пласирање на производите?
Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ, во „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија истакна дека една од нашите традиционални дестинации за пласман на македонските производи се Украина, Русија, делови од Молдавија, Полска каде што се извезуваат пролетна зелка, јаболко, грозје, праска и вино. Со новата ситуација оваа година овие производи ќе останат неоткупени.
– Македонија во Русија и Украина на годишно ниво за 2021 имала извоз 22 милиони евра, а тука ако ги додадеме тутунот и останати продукти доаѓа до 27 милиони извоз на земјоделски производи во овие две држави. Овие пари можеби некому не му изгледаат не како голема сума, но имаат сериозен ефект во земјоделието, тие опфаќааат голема категорија на наши сограѓани кои егзиситраат од производство на овие производи, но и компаниите кои работат со извоз на тие производи. Тоа значи дека оваа година договорите кои ги склучиле ќе бидат откажани и државата треба сериозно да размислува за алтернативни пазари, потенцира Трипуновски.
Тој посочува дека за десетина дена отсега стасува пролетната зелка во струмичкиот регион и таа може да остана неоткупена.
Делот на Василево, Босилово, Ново Село, дел на Валандово, Богданци каде околу 15.000 семејства одгледуваат пролетна зелка со реколтата од преку 60.000 тони, а од нив околу 45.000 се извезуваат во Русија и Украина и може да останат на нивите. Ако Пендаровски знаел од ноември што ќе се случи требало да најдат алтернативни пазари за земјоделците, но наместо тоа, тие молчат, нема никаков конкретен предлог, изјави Трипуновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.