Македонските граѓани плаќаат најскапа струја споредено со граѓани на другите држави во регионот. Невистини се тврдењата на владата дека граѓаните во Македонија плаќаат субвенционирана, најефтина струја во Европа; пишува со статус на Фејсбук, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Имено, според EUROSTAT, цената на струја која македонските граѓани ја плаќале во првото полугодие од 2022 година била 89,5€/MWh. Според истиот EUROSTAT во првото полугодие од 2022 година, граѓаните во регионот плаќаат многу поефтина струја (слика 1) споредено со македонските граѓани:
Србија 58,9 €/MWh
БиХ 73,3 €/MWh
Турција 74,8 €/MWh
Косово 55,5 €/MWh
Црна Гора 79,2 €/MWh
Ветуваа живот, ефтина струја, нема претплата за МТВ, бројчаници итн…, а што донесоа? Во првото полугодие од 2017 година македонските граѓани плаќаа цена на струја по 69,5 €/MWh (слика 2) или за 22,5% помалку од цената на струјата која ја плаќале во првото полугодие од 2022 година.
Ветуваа живот, а донесоа соларни и марихуана картели, корупција и криминал, економија во распад, понижувања и предавства за пусти пари.
Одговорност ќе има… доаѓа денот, пишува Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.