Од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение посочуваат дека:
1. Македонија има највисок раст на цена на електрична енергија од сите земји во Европа за фирмите и останатите не-домаќинства потрошувачи (со потрошувачка од 500MWh -2000MWh), и тоа за 327% или за 4,3 пати
2. Македонските фирми и останати потрошувачи (не-домаќинства) плаќаат четврта по ред најскапа струја во Европа.
3. МАКЕДОНИЈА ИМА НАЈВИСОК РАСТ НА ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА ЗА ДОМАЌИНСТВАТА ОД ПОЧЕТОКОТ НА ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА ОД СИТЕ ЗЕМЈИ ОД РЕГИОНОТ. Словенија, Хрватска, Бугарија, Србија, Албанија, Косово, БиХ и Црна Гора имаат понизок раст на цената на струјата за домаќинствата од започнување на енергетската криза.
4. МАКЕДОНИЈА ПЛАЌА НАЈВИСОКА ЦЕНА НА СТРУЈАТА ЗА ДОМАЌИНСТВАТА ОД СИТЕ ЗЕМЈИ ОД РЕГИОНОТ. Косово, Србија, БиХ, Црна Гора и Албанија имаат пониска цена на струјата за домаќинствата.
Податоците се објавени од европскиот статистички институт „Евростат“.
-Енергетската криза започна од втората половина на 2021 година, а доби на интензитет од почетокот на војната во Украина. Затоа споредбата на растот на цената на електричната енергија е пресметан врз база на цена која била во втора половина на 2022 година во однос на прва половина на 2021 година (како почетна основа), појаснува „Евростат“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.