Инфлацијата вo Македонија е 19.8%, и со тоа највисока во регионот на поранешна СФРЈ, Словенија има речиси двојно помала инфлација од Македонија, т.е. само 10%. Инфлацијата кај храната и пијалоците е 32.4% во Македонија, а 17.2% во Словенија. Статистиката покажува дека во Словенија со двојно повисоки плати, и многу посилен животен стандард, растот на цените е помал отколку во Македонија, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.
Во Македонија народот ја чувствува најголемата инфлација во регионот. Иста е споредбата и со Србија каде инфлацијата е 14% и Хрватска со инфлација од 12.8%.
Ова покажува дека пред се големата инфлација во Македонија е резултат на неспособноста на владата да се справи со шоковите, но и неработата во изминативе 5 години.
Ударот доаѓа во секторот енергенси, воглавно цената на струјата и храна и пијалоци. Тоа се сектори во кои со квалитетен менаџмент би се спречила големата инфлација.
Тоа што инфлацијата е најголема во Македонија е доказ за неработата на власта. И наместо со полумерки, ја повикуваме Владата да ги имплементира сите мерки кои ги предложивме, се со цел подобрување на состојбата во економијата и помош за граѓаните, реагираат од ВМРО ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.