АД ЕСМ на 07.11.2022 година произведе 10.600 MWh електрична енергија.

Во Термоелектраните произведени се 8.949 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 1.651 MWh.

Како што ЕСМ веќе најави, за периодот 7-13 ноември во испораката кон ЕВН Хоум ќе биде вклучувана одредена количина набавена електрична енергија, по цени кои се исти со производната цена на ТЕЦ Неготино. За вчерашниот ден, во испораката беа вклучени 2.400 MWh набавена електрична енергија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.