Според него, во регионот Македонија најдобро се справи со енергетската криза и успеа да заштеди над 20 милиони евра од Буџетот на државата и ЕСМ.
Прв пат ги ставивме во употреба нашите домашни капацитети кои не беа во функција од 2009 година. Да, работи на мазут, но произведува 90 мегавати на час. Тие 90 мегавати на вакви берзански цени кои можат да достигнат и до 600 евра, ќе го чини буџетот милионски суми. Прв пат и приватна компанија се става во функсија на државата, со фиксна цена, рече Бектеши и додаде дека 80 отсто од фирмите се снабдуваат преку универзалниот снабдувач, додека останатите се на слободниот пазар.
Тој повторно апелира, и до компаниите и до општините, да склучат договори за снабдување со електрична енергија.
Ниту една општина во државата не предвидела буџет за справување со енергетска криза. Општините сега очекуваат нивната задача да ја заврши централната власт, а уште утре можат да направат пренамена на средства или ребаланс на буџетот. Има општини кои уште немаат склучено договори за електрична енергија што апсолутно е недомаќинско работење. Уште еднаш сакам да ги повикам фирмите, а посебно општините и јавните претпријатија да склучат договори да не плаќаат купец плус 50 отсто, зашто тоа е неспособност на менаџментите кои со тоа го дуплираат трошокот за струја, подвлече министерот.
Според извршниот директор на Стопанската комора на северозападна Македонија, Дрилон Исени, очекувањата на бизнисот биле дека поголемиот дел од електричната енергија произведена во домашните капацитети, ќе се користи од страна на фирмите, но таков фидбек нема.
Цените само од овој аспект се покачени до 400 или 500 отсто. И на тие фирми кои се на универзален снабдувач, договорите им истекуваат за кратко и немаат јасна слика што потоа. Апелиравме до нашите членки да се фокусираат на инсталирање фотоволтаици, но и тука има проблеми при обезбедување дозвола за градба, приклучување на универзалниот снабдувач… Затоа нашиот апел беше Владата да биде во функција на сите фирми насочени кон инсталирање обновливи извори. Тоа впрочем и ни е главниот апел до Влада, дека и краткорочно и дологорчно, тоа треба да и биде фокусот, потенцира Исени.
Според него, во време на криза како сегашната, бизнисот како краткорочни мерки предлага да се укинат царинските стапки за основните производи, како и да се поддржат и бизнисите и граѓаните за поставување фотоволтаици, додека долгорочно, треба да се преиспита грантовата шема во земјоделството и да се воспостави нов модел, како и да се поддржат извозно ориентираните компании.
Најголем проблем за бизнисот во моментов, како што посочи Исени, е нарушувањето на ланецот на снабдување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.