Сања Лукаревска, директорка на Управата за јавни приходи и заменик претседател на СДСМ рече дека во предлог Буџетот за 2023 година е прифатено барањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за викенд без ДДВ.

Од една страна сакате да го наполните буџетот, а од друга страна ќе има Викенд без ДДВ, зошто е тоа така, ја праша новинарката Лупевска, на што Лукаревска рече дека тоа е барање од страна на опозицијата кои како што рече го побарале тоа на прес конференција.

-Викенд без ДДВ е по барање на опозицијата, нели тие излегоа на прес конференција и кажаа бараме неколку викенди без ДДВ, рече Лукаревска.

За потсетување, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара викенд без ДДВ со кој што на основните прехранбени продукти ќе им овозможи пониска цена за да можат граѓаните да си ги дозволат затоа што денеска стана луксуз да се купуваат одредени основни прехранбени производи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.