Лозарите од Кавадарци и Неготино, на прес конференција дадоа поддршка за протестот во организација на ВМРО-ДПМНЕ, кој оваа сабота ќе се одржи пред владата во 20 часот.

Велат дека причините за поддршка на овој протест е незадоволството од оваа влада и незнаењето да се справи со земјоделието, неформирањето цени за грозјето за 2022 година, неисплаќањето на субвенции во целост, проблемите со наводнувањето кои постојат веќе 4 години, неисплаќањето на зелената нафта итн.

– Не се исплатени ниту штетите од мраз за реколтата од 2021 година, штетите од суша за реколта 2021 година а кривицата беше во водостопанството што не обезбеди вода, како и тоа што не се исплатени ниту уште две винарии за откупеното грозје од ланската реколта затоа што требаше до 30 април да го исплатат, а еве до ден денес нема ништо. Токму овие проблеми се причина за незадоволство од лозарите и овоштарите и затоа ја даваме поддршката за протестот што ќе биде пред владата во Скопје. Бидејќи, обврска е и на опозицијата и позицијата да се грижат за лозарите и за земјоделците, рекоа лозарите во своето обраќање.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.