Лозароовоштарите од Кавадарци денеска излегоа на протест поради проблемите со водостопанството.
-Конкретно ни беше ветено, бидејќи немаме вода, каналска мрежа од 860 метра, од Ваташа до КА1, а потоа и каналот за наводнување КА2 нема вода, истите прикаски ни ги кажуваат со години, дека „Водостопанство Кавадарци“ бараат од државата, но тие не им одобруваат, велат земјоделците од Кавадарци.
Тие додаваат дека главните канали за вода не се пуштени, а е месец мај и праските веќе не зреат.
-Дефектите не се поправаат, водостопанство спие, ќе мора порадикални мерки да преземеме, ако не се решат нашите проблеми во наредните десетина дена, велат тие.
Велат дека бараат субвенции за потрошената струја од пумпите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.