Јас потврдив дека сум човек кој што работи согласно со закони и пракса која овозможува намалување на трошоци и зголемување на буџетските приходи. Во однос на планот за фисканлна консолидација, многу организации го читаат на различен начин. Не станува збор за кратење на платите на работниците, туку е план кој содржи низа на мерки во насока на консолидација на трошоците и подобрување на квалитетот на услугите. Планот е документ кој содржи мерки и препораки за рационализација на расходите и подобрување на приходите, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање.
Тој исто така и појасни дека 300 милиони евра се скратени и се наменети за оние на кои најмногу им се потребни.
-Тоа се потврдува низ мерките во делот на зголемување на минимални плати и пензии, еднократна помош за најранливите категории граѓани, порача премиерот околу владините мерки и препораки за намалување на расходите на буџетските корисници.
Ковачевски информира дека постојат јавни претпријатија и институции каде што директорите и членови на управни одбори добиваат несразмерно повисоки плати во однос на обврските, ако се споредат со претседателот на држава, претседател на уставен суд, на Влада или министер.
-Мораме да ставиме ред. За таа цел, ако можеме да интервернираме, да бидат ревидирани менаџерските договори во голем број јавни установи и институции кои се во надлежност на Владата. Не би сакал да мешам, но постојат агенции кои се под Собранието, каде што вработен со ниско ниво во хиерархија има поголема плата од министер во Влада. Споредете ја нивната одговорност и сметам дека тоа е несоодветно и затоа ни е потребен Закон за плати, рече Ковачевски на прес-конференција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.