Ребалансот на Буџетот е насочен главно кон справување со економската криза, ревидирање на фискалните проекции, преструктуирање на буџетските расходи, задржување на фискалната одржливост и оптимизација на изворите на финансирање на буџетскиот дефицит, изјави денеска во Собранието премиерот Димитар Ковачевски.
Одговарајќи на прашање од пратеничката Жаклина Лазаревска од СДСМ, Ковачевски рече дека вкупните приходи со ребалансот се предвидува да бидат зголемени за 6,9 милијарди денари или 2,9 проценти повеќе од иницијално планираниот Буџет, додека вкупните расходи се планирани на ниво од 288 милијарди денари или за 16 милијарди денари или 5,9 проценти повеќе во однос на иницијално планираните, кои што нагласи дека ќе се искористат исклучиво за поддршка на стандардот на граѓаните, за поддршка на економијата и за поддршка на ликвидноста на компаниите, но и за обезбедување финансиски средства за енергетскиот сектор.
Ковачевски посочи дека имаме надолна корекција на БДП и зголемување на проекцијата на инфлацијата на 7,2 проценти, додека со ребалансот успеале да направат намалување на непродуктивните трошоци и на трошоци кои што не мора да се направат во износ од 215 милиони евра.
Тоа никогаш досега не е направено, меѓутоа со оглед на ситуацијата и дека не очекува навистина тешка зима, сметавме дека треба да се направи значително намалување на расходите кои што не мора да се случат оваа година. Тие средства, зголемени со проширениот дефицит се наменети за финансирање на животниот стандард на населението. Имаме оставено дополнителни 76 милиони евра во резерва, потоа дополнителни 52 милиони евра за земјоделците, изјави Ковачевски.
Обезбедени се, посочи премиерот, и средства за непречена исплата на пензиите и платите, како што е договореното зголемување со СОНК, но и предвидените зголемувања на платите во МВР, во Судскиот систем и другите функции во државата, кои што беа предмет на разговори со синдикатите.
Врз основа на овие влезни податоци, Ковачевски рече дека е планирано зголемување на дефицитот на ниво од 5,3 проценти
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.