АД ЕСМ донесе одлука за избор на набавувач за март за потребите на топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје-Север. Природниот гас ќе се набави по цена од 60,10 евра, а добавувач ќе биде Макпетрол, изјави на денешната прес-конференција генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски.
На јавниот повик, како што посочи, се пријавија три компании, а се избра Макпетрол бидејќи понуди најниска цена од 60,10 евра.
Како што додаде Ковачевски, Макпетрол, како носител на набавката ќе обезбеди и гаранција којашто не беше обезбедувана во претходните години што е и еден од условите во јавниот повик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.