Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски денеска на маргините на Минхенската безбедносна конференција се сретна со директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева.
Ефективната поддршка на ММФ на овие политики, посочи премиерот Ковачевски на средбата, помогна да се ублажи економското и социјалното влијание на кризата од КОВИД-19. Премиерот Ковачевски дополни дека со поддршка од финансиските инструменти на ММФ, Владата спроведе шест пакети фискални мерки за да помогне во решавањето на проблемите со ликвидноста на фирмите, да ги заштити работните места , и ги поддржа најранливите преку субвенции за плати, одложување на даноци, субвенционирани заеми и гаранции за заеми за фирмите, поддршка специфична за секторот, инвестициски стимулации и финансиска поддршка за домаќинствата со ниски приходи. Како еден од резултатите на овие мерки, стапката на невработеност на крајот на 2021 година, во екот на пандемијата се намали на историски 15,7 отсто, за разлика од стапката од 32,1 отсто во 2010 година. Премиерот Ковачевски на средбата со директорката на ММФ, Кристалина Георгиева истакна дека Владата е целосно посветена на реформите во управувањето со јавните финансии. Во согласност со препораките на ММФ, на Светската банка и на Европската Унија, посебно внимание се посветува како на подобрена транспарентност така и на дигитализирање на процесите во Царинската управа и Управата за јавни приходи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.