Генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, најави дека во јануари се очекува ново поскапување на струјата.

Веќе е сигурно дека ќе има поскапување, но јас секогаш протежирам тоа да биде благо поскапување – изјави Ковачевски за дневникот на телевизија 24.

Во однос на престојната зима, Ковачевски повтори дека струја ќе има и дека рестрикциите не се опција.

Сите најави и показатели за наредните месеци покажуваат дека пред нас престои една од најтешките зими во последните 70 години. Мораме да бидеме максимално подготвени – порача Ковачевски, уверувајќи дека ЕСМ ги има ставено во функција сите расположливи капацитети и дека нема да се увезува електрична енергија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.