Покачувањето на минималната плата на 18.000 денари и повратникот од Германија кој рече дека тие пари се доволно за еден нормален живот го предизвика револтот кај граѓаните.
Исто прашање од новинарите доби и денес премиерот при посета на производствениот погон на компанијата „Текспорт“ во Илинден, заедно со министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.
Дали во оваа фирма има некој од Германија или Швајцарија што се вратил за 18.000 плата“, го прашаа премиерот, на што тој смирено одговори:
Да бидам искрен не знам, разговарав со директорката и дел од вработените во некои од погоните, но не разговаравме за тоа кој од каде потекнува и кој каде бил во својата професионална кариера пред да биде вработен во оваа компанија, рече смирено Ковачевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.