Сметките за струја на општините се 4 до 5 пати повисоки, а во услови на енергетска криза власта за прв пат ги намали дотациите кон општините и тоа е јасно затоа што беа поразени на изборите, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при денешната посета на Општина Ѓорче Петров, одговарајќи на новинарско прашање за системското уништување на општините од страна на централната власт.

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров кажа само еден дел, а тоа е дека сметките за струја се многу повисоки од тие досега, односно за 4 до 5 пати повисоки. Енергетската криза е од минатата година кога се подготвуваше буџетот. Сериозна влада, која мисли на народот, знае дека ќе се случува енергетска криза и наместо истата да ја злоупотребуваат за договори во 4 очи во РЕК Битола, а провизиите да завршуваат во се подебели куферчиња кај фамилијата требаше да води сметка како да ги зголеми дотациите во општините до буџетот рече Мицкоски.

Мицкоски појасни дека од 2018 до 2021 година дотациите од централниот буџет до секоја општина растеле секоја година дури и има и една година со 34 милиони, а оваа година се помали и тоа од 316 на 312 милиони евра во услови на енергетска криза, ковид пандемија, економска криза.

Јасно тоа е зошто е така, затоа што народот заедно со ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата го порази овој корумпиран и трул режим на СДСМ и ДУИ. Тоа ќе продолжи ние не очекуваме дека Бесими, Груби и Битиќи, Османи, Ахмети и администраторот Ковачевски ќе имаат разбирање за општините и за народот на Македонија, но ќе се бориме и ќе ги победиме, а потоа ќе има одговорност, нагласи Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.