Премиерот Димитар Ковачевски, кој е во работна посета на охридско-струшкиот регион, најави намалување од најмалку 10 отсто на цените на основните прехранбени производи.

Како што рече Ковачевски по посетата на фабриките „Подгорка” во Струга и „Органска буковка ДОО“ во Охрид, со последните владини мерки се овозможува многу поевтина струја и за компаниите од прехранбената индустрија.

Со последните мерки обезбедуваме многукратно поевтина струја за компаниите од прехранбената индустрија. Очекувам намалување на цените на основните прехрабнеи производи најмалку 10 отсто. Поевитнувањето кај некои производи почна, тоа ќе следува и кај другите, најави Ковачевски.

Тој повтори дека со антикризните мерки не бил изоставен никој.

Ќе го чуваме стандардот, но ќе ги зачуваме и компаниите ликвидни, порача Ковачевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.