Пионот Ковачевски како прва мерка ја зголеми цената на струјата за 15%, а како заменик министер ја задолжи државата 2.1 милијарда евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како заменик министер за финансии Ковачевски го зголемил долгот за 2.1 милијарда евра.
Македонија во време додека Ковачевски е одговорен во министерството за финансии има најмал број на странски директни инвестиции по глава на жител од само 115 евра по човек, додека во Србија бројката е 433 евра по човек.
Лошото ниво на реализација на странски директни инвестиции се должи пред се и на криминалот и корупцијата. Секоја странска компанија пред да инвестира сака да знае дали инвестира во држава каде има владеење на правото, што за жал кај нас со СДСМ тоа не беше случај.
Македонија со СДСМ е на 111-то место на индексот на перцепција на корупција на Транспаренси, додека од германските инвеститори беше дадена оценка 0 за тоа како работи во однос на економијата.
Со вакви катастрофални резултати не може да има успех. Ковачевски е политичарот кој учествуваше во овие неуспеси како заменик министер за финансии – се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.