Пиунот на Заев, Ковачевски ја поскапи струјата и парното и предизвика инфлација, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прва мерка на пиунот на Заев Ковачевски е покачената цена на струјата и парното за 15%. Граѓаните од овој месец ќе плаќаат по 500 до 800 денари повеќе за струја и парно засебно. Тоа се 1000 до 1600 денари зголемен трошок само за овие две работи по домаќинство. Инфлацијата веќе неколку месеци го јаде буџетот на граѓаните. Според пишувањето на медиумите цените на храната поскапеле и до 30%. Тоа значи дека тоа што можело да се купи за 20.000 денари минатата година, сега не може ниту со 25.000 денари. Стандардот на народот секојдневно опаѓа и затоа виновен е Ковачевски кој цел изминат период беше заменик министер за финансии. Ковачевски не може да ја подобри економската слика, со него ќе биде само полошо, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.