Ние како ВМРО-ДПМНЕ во континуитет предлагаме мерки почнувајќи од корона криза па се до сега со економската криза, иако постојано се одбиваат нашите мерки, јас морам да кажам дека ние понатаму ќе продолжиме да предлагаме мерки кои секогаш се во интерес на граѓаните и ќе бидеме упорни, затоа што сметаме дека мерките кои што ги предлагаме се во согласност со состојбата во која што се наоѓа целата државата, вели Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ на денештото линковско вклучување од вториот ден на политичкиот саем на промените што носат иднина во организација на ВМРО-ДПМНЕ.

Кочоска истакна дека мерките за надминување на екомската, финансиска или пак енергетска криза ги предлагаат во зависност од состојбата во државата, во зависност од фискалната и монетарната политика и во зависност од состојбата во која се наоѓаат и претпријатијата.

А сега имаме мерки кои што се предложени и кои што се наоѓаат во собранието, а деновиве слушам дека има и обвинувања, посебно упатени кон нашиот пратеник кој што е претседател на Комисијата за финансирање и буџет и целата пратеничка група, дека кочиме некакви мерки.
Ние не кочиме никакви мерки, туку ние се трудиме, она кои што тие го понудија како мерки, кои што изнесуваат 20 милиони евра и сметам дека тоа е огромен страм, во вакви услови на ваква криза, каде што имаме еден куп граѓани погодени, поготово социјално ранливите категории, ние треба тука да излеземе со многу поголем пакет на мерки. И имајќи предвид дека не се откажавме од приходна страна од ниту еден данок, и токму затоа затоа што има пари во буџетот по тој основ прибрани. Затоа ние излегуваме со таков пакет на мерки каде што ќе опфатиме една поширока група на граѓани, тука се и студентите, тука се и социјално ранливите категории, тука се и пензионерите, при што зборуваме за износи кои што ќе бидат поголеми и кои што се реални врз основа на инфлацискиот шок се случува, исткана Кочоска.

Посочи дека ВМРО-ДПМНЕ предлага и викенди без ДДВ за храна, за што сметаат дека тоа е точно во согласност со високите цени кои што ги имаме во овој период.

При тоа, морам да нагласам дека предлагаме намалување на акцизата и ова го правиме во континуитет неколку пати годинава. Апелирам до владата да го прифата, затоа што на тој начин ќе имаме намалување на производните цени или цените кои што ги имаат граѓаните кога ги купуваат производите кои ќе бидат намалени токму затоа што ќе има намалување на акцизата. Оваа мерка е од големо значење за граѓаните. ние, сите мерки кои што ги предлагаме, ги предлагаме се со цел сите граѓани да имаат бенефит од од нив, рече меѓу другото Кочоска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.