Маја Кадиевска од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа рече дека ветувањето од 18 000 денари беше ветување на оваа влада и течат преговори дека како е праг кому никому не му е јасен.

ВМРО-ДПМНЕ е за секоја мерка што ќе значи зачувување на стандардот на граѓаните преку минималецот и зачувување на куповната моќ на граѓаинте. Имајќи в предвид дека инфлацијата расте, растат трошоците за храна и сметка.Компаниите се погодени од ценовниот шок и растат остантите трошоци за производство и цените на останатите репроматерјали и суровини. Се уште сме во пандемија и тоа се дополнителни трошоци за отсуство на вработените. Како партија, ќе бидеме за оној компромис кој ќе се постогне меѓу синдикатот и работодавачите, но објавувам дека ќе дадеме амандман на законот за минимална плата, во кој ќе побараме и останатите плати во јавниот сектор да се зголемуваат. – рече Кадиевска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.