Плаќање придонеси за договорите на дело, како прво, е правно неиздржано, затоа што тие луѓе немаат работен однос, па со тоа ни права ни обврски од работен однос, вели за „Фокус“ професорот од Виенскиот Институт, Бранимир Јовановиќ.

Во 2014, кога ВМРО сакаше да го направи истово, а СДСМ беше против, се достави и иницијатива до Уставен суд за проценка на уставноста на оваа одредба (судот никогаш не пресуди, бидејќи одредбата се укина во меѓувреме), појаснува Јовановиќ.

Освен тоа како што додава тој, неправедно е да се даночат хонорарците со нови даноци од 28%, во ситуација кога на најбогатите во државата не им правите ништо.

Хонорарците се најексплоатираната категорија работници, тие немаат ни договор за работа, ни постојана работа, ни стабилни приходи, ниту пак заработуваат многу. И вие сега ќе им земате пари на нив, а оние кои се обогатија и за време на пандемијата и за време на оваа нова криза, не ги ни чепкате. Не е во ред!, вели Јовановиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.