Ништо ново од СДСМ. Повторно лаги, навреди и играње со судбината на работниците. Имено, во текот на вчерашниот ден целата македонска јавност виде како седум пратеници од мнозинството, ладнокрвно и без око да им трепне гласаа против амандманот на ССМ за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор, изјави денеска Зоранчо Јованчев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Посочи дека СДСМ дрско, арогантно и полно со навреди кон 138 000 работници го одби амандманот.

-Иако ветија на работниците дека ова барање ќе биде исполнето, тие повторно ги излажаа. Очигледно, кога СДСМ е на власт не ги решава проблемите на граѓаните, туку постојано создава нови. Очигледно партијата СДСМ е канцерот на македонското општество. Сакаме да упатиме силна порака до власта дека Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да се откаже од намерата за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор. Овој горлив проблем на работниците, мора да биде решен, веднаш, вели пратеникот.

Јованчев посочи дека тие ветувале живот за сите, ама испорачаа само пустош и сиромаштија. Ова веќе не е живот, ова е само преживување. Токму затоа, деновите на оваа власт се одбројани. Време е двоецот СДСМ-ДУИ засекогаш да замине во историјата и никогаш да не се повтори, нагласува Јованчев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.