За еден месец просечната плата пораснала за 330 денари. Статистика пресмета дека во мај нето-просекот изнесувал 36.465 денари, што за една година е пораст  од 16 отсто, но реално поради инфлацијата порастот изнесува нешто над 4 отсто.

Според пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија, за истиот месец, на четиричлено семејство му биле потребни 50 илјади денари за да го истуркаат месецот, што значи за да преживее едно семејство потребни се две просечни плати, бидејќи со оглед на инфлација, која и понатаму е двоцифрена, со една минимална и една просечна плата едвај се поминува месецот.

Според податоците на Управата за јавни приходи, околу 100 илјади работници во државата земаат минимална плата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.