Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека во текот на месец октомври годинава во однос на истиот месец 2021 година трошоците на живот достигнале високи 19,8 проценти.
Ова е најголемата стапка на инфлација која ја регистрираше ДЗС од почетокот на годината, но и во подолг временски период. Минатиот месец индексот на трошоците на живот во споредба со месец септември 2021 година изнесуваше 18,7 отсто.
Како што објавува ДЗС, индексот на цени на мало исто така има зголемување и тоа на годишно ниво од 15,4 проценти.
– Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во октомври 2022 година, во однос на претходниот месец, изнесува 101,4, а индексот на цените на мало изнесува 100,6. Пораст на индексите на трошоците на животот во октомври 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 7,3 отсто, млекото за 5,9 проценти, сирењето и урдата за 5,7 отсто, месото за 3,6 проценти, прехранбените производи неспоменати на друго место за 3,2 отсто, рибата и морските плодови за 2,8 проценти, лебот и житата за 1,8 отсто, кафето, чајот, какаото за 1,4 проценти, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1,1 отсто, виното за 0,9 проценти, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0,5 отсто, пивото за 0,4 проценти и жестоките пијалаци за 0,3 отсто – се наведува во соопштението на ДЗС.
Во октомври, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај другите медицински производи за 4,6 проценти, другите услуги за опремата за сопствен превоз за 3,7 отсто, цврсти горива за домаќинствата за 3,4 проценти, парамедицинските услуги за 1,8 отсто, гасот за домаќинствата, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката опрема, домашните миленици и сродните производи за 1,7 проценти, обувките, рестораните, кафулињата и слично за 1,6 отсто, облеката, другите апарати и производи за лична хигиена за 1,4 проценти, медицинските услуги за 1,3 отсто, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 1,2 проценти, игрите, играчките и хобијата за 1 отсто, малите електрични апарати за домаќинствата, производите за домаќинствата – нетрајни за 0,9 проценти, информатичката опрема за обработка на податоците за 0,8 отсто, малите алатки и останатите додатоци, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства, канцелариските материјали и материјалите за цртање за 0,7 проценти, течните горива за домаќинствата, текстилот за домаќинствата, медиумите за снимање за 0,6 отсто, поправките и изнајмувањето обувки, патниот патнички транспорт за 0,5 проценти, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, услугите за одржувањето и поправките на живеалиштето, поправката на апаратите за домаќинствата, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за 0,4 отсто, големите електрични апарати за домаќинствата, домашните услуги и услугите за домаќинствата, електричните апарати за лична хигиена за 0,3 проценти, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики, другите лични предмети за 0,2 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.