Кога ја зголемуваме минималната плата тоа е една скала која треба понатаму да се придвижи. ВМРО-ДПМНЕ смета дека треба да има рамноправност во зголемувањето на минималната плата и другите плати кои треба скалесто да се покачуваат, изјави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Анастасија Илиеска за „Топ Тема“ на Телма телевизија.
Илиеска истакна дека покрај тоа и пензионерите се оние кои што реално треба да имаат повисоки пензии со цел да ги сервисираат своите трошоци и не треба да бидат исклучени, бидејќи кризата е за сите тешка и сите живеат тешко.
Реалноста е дека во Македонија граѓаните живеат тежок живот и колку побрзо тоа се признае толку побрзо треба да се најдат мерки кои на секој граѓанин ќе му бидат од помош и ќе му го помогнат животниот стандард, рече Илиеска.
Таа додаде дека треба суштински да се влијае кога се помага на граѓаните и компаниите, а не да се носат решенија од ден за ден, ниту само за мала група на граѓани, туку за сите.
СДСМ кога носи решенија ги носи од денес за утре, тоа го гледаме сега го видовме кога го носеа и прогресивниот данок кој го гласаа во октомври и да почне од јануари, иако компаниите 6 месеци до година правата пресметки и со тоа беа обременети на дополнителни трошоци од страна на власта, истакна Илиеска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.