Криминалната коалиција ДУИ – СДСМ ја оштетила општина Тетово 7 милиони. Толку изнесува штетата причинета не одењето на работа на 244 лица, кои биле исплаќани од буџетот на општината, иако не сработиле ништо, вели ВМРО-ДПМНЕ.

7 милиони наместо за подобрување на хигиената во градот, нови водоводни и канализациони инсталации завршиле кај луѓе од списокот на Теута Арифи, ДУИ и СДСМ.

Одговорност не треба да има само кај лицата кои не оделе на работа, туку пред се кај Теута Арифи, како одговорна во институцијата, која го оштетила буџетот на општината.

Примерот од Тетово е пример како функционирала коалицијата ДУИ – СДСМ долг период наназад. Која се темели на криминал и злоупотреби.

ДУИ и СДСМ го ограбуваат граѓаните од сите националности. Тие се сложни во криминалот на штета на народот и државата, се вели во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.