Ние знаевме дека имаме некоја нестабилност во системот на производи и имаме тотална ненавременост на носење на мерките. Инфлацијата ја очекуваме и чувствувавме уште во јануари и февруари, посочи Анастасија Илиеска од ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во дебатната емисија „Анализа 24“ на Телевизија 24.
ВМРО-ДПМНЕ предложи предлог закон до Собранието на 28ми февруари се со цел на одредени производи да се стабилизираат цените и да немаме ценовни шокови, се со цел справување на оваа ситуација, рече Илиеска.
Таа додаде дека сите зборуваме за првата втората и третата мерка, но од предложените 26 мерки голем дел се однесуваат за енергетиката. Ние имавме прогласено енергетска криза во ноември месец минатата година и дел од овие 26 мерки требаше тогаш Владата да ги предложи да бидат дел од справување со енергетската криза.
ВМРО-ДПМНЕ предлагаше на цела храна која е оданочена со повластена даночна стапка да биде ослободена и да се плаќа со нула проценти на повластена даночна стапка. Од Владата сега гледаме дека првата мерка од предложените мерки се однесува само на основните производи да се со нула проценти повластена стапка, нагласи Илиеска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.