Следната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, ќе ги зголеми пензиите на сите пензионери, линеарно за 5000 денари, во рок од една година

Оваа однародена власт, нема никаков слух, за пензионерите, кои со месеци со право протестираат, низ градовите во Македонија.

Наместо достоинствено да ги живеат своите пензионерски денови, пензионерите мака мачат, да врзат крај со крај, инфлацијата, која оваа влада е неспособна да ја спречи, им го јаде лебот и тие едноставно немаат друг избор, освен да се борат за гол живот и да го бараат тоа што им следува.

Но оваа власт тоа не ги интересира, функционерите на ДУИ и СДС, ги интересира само, како да свртат уште некои милион за себе, како да ги збогатат своите деца и внуци и како да докупат уште некој вреден имот, по можност, во строгиот центар во Скопје.
По доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, пензионерите ќе го добијат тоа што го заслужуваат, а тоа е покачување на пензиите, линеарно, за 5000 денари.

Ова беше главно ветување на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски викендот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.