Од денеска на полноќ, бензинот Еуросупер – 95 поскапе за два денари, со што неговата нова цена изнесува 92,5 денари за литар.

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цените на другите горива не се променети.

Така, Еуросупер – 98 се продава за 94,5 денари за литар, додека литар Еуродизел (Д-Е V) чини 99 денари.

Исти остануваат и цените на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) кое се продава за 93 денари за литар, а мазутот М-1 НС чини 50,067 денари за килограм.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.