Според Редовниот полугодишен економски извештај за Западен Балкан (ЗБ) којшто денеска беше објавен од Светска банка, Македонија покажува катастрофални резултати во економијата споредено со сите земји од регионот.
Така, веќе втора година по ред Македонија има најниска стапка на економски раст од сите земји од ЗБ, којашто во 2022 година изнесува 2,1%, додека просекот на ЗБ е 3,2%, а воедно забележа и највисока стапка на просечна инфлација од 14,2% во 2022 година, додека просекот на инфлацијата во ЗБ беше 11,8%.
Уште повеќе се обесхрабрувачки прогнозите според кои во 2023 година за Македонија се очекува подпросечен раст од 2,4% наспроти оној на регионот од 2,6% и надпросечна инфлација од 9,1%, наспроти очекуваната за регионот од 7%.Со Косово и Албанија, Македонија има најниски приходи како процент од БДП (од 32,5% од БДП во 2022 година), што при задржани високи расходи од 36,9% од БДП генерираат втор највисок дефицит од 4,5% од БДП во 2022 година по Црна Гора (просек на ЗБ за е 3% од БДП), aнализираат од ВМРО-ДПМНЕ
Дополнително, Македонија во 2021 година имаше највисок дефицит и во 2020 година втор највисок дефицит од земјите на ЗБ. Недисциплинираното трошење на оваа Влада по Ковид-19 година се преслика во силно зголемување на јавниот долг, што при силен раст на номиналниот БДП значеше задржување на соодносот на јавниот долг во БДП, наспроти позначајно намалување на овој сооднос кај сите земји од регионот. Ова не сврсти во земјите со надпросечно ниво на јавен долг од 59,6% во БДП (просекот на ЗБ е 51%од БДП).И резултатите на полето на странските директни инвестиции (СДИ) се катастрофални споредено со земјите од Западен Балкан. Заедно со БиХ, Македонија е на дното на табелата по СДИ во последните три години. Во 2022 година, нето СДИ во Македонија изнесуваат 5,2% од БДП, додека во Црна Гора се 13,5% од БДП, во Србија се 7,1% од БДП, Албанија 6,7% од БДП и Косово 6,6% од БДП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.