Јавното претпријатие за државни патишта го поништи тендерот на кој за надзор врз изградбата на новите автопати беа избрани фирми од Хрватска и од Македонија. Раководството на ЈПДП за „Фактор“ соопшти дека постапката е поништена и договорот шт беше потпишан минатата недела е ништовен затоа што добитникот на тендерот не доставил банкарска гаранција на износ од 2,6 милиони евра.

Како што веќе објави „Фактор“ договорот беше склучен на 3 август годинава помеѓу ЈПДП и фирмата носител на групата понудувачи „ИГХ Институт“ од Загреб, Хрватска. Вредноста на договорот изнесувала 22,6 милиони евра, а во информацијата што ИГХ Институт ја доставил до Загрепската берза пишува дека таа на тендерот настапила заедно со македонска фирма со назив „Институт за патишта“ со седиште во Велес.

Интересно е да се напомене дека македонската фирма, според информацијата што ја објави ИГХ на Загрепската берза во тендерот учествува со 13,8 евра наспроти носителот на набавката ИГХ Институт кој требаше за својата работа да добие 8,7 милиони евра.

Особено интересно е тоа што македонската фирма „Институт за патиштаДООЕЛ“ Велес е основана со влог од 5.000 евра и за неа нема достапни финансиски податоци. Сопственик е гевгеличанецот Сотир Ампов, за кого порталот дознава дека по струка е економист и дека е етаблиран сметководител. Базата на податоци за јавни набавки покажува дека оваа компанија досега добила два тендери од ЈПДП, минатата година. И двата се за надзор врз градба на објекит со кои оперира јавното претпријатие.

Целата сторија на „Фактор



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.