Шпаркасе бака, каде што композиторот Миодраг Неќак не успеал да отвори сметка поради тоа што, како што тврди тој, е роден во Русија, за Република вели дека банката нема рестрикции кон клиентите родени во Русија.

Банката нема забрана за стапување во деловен однос според местото на раѓање и банката за сите клиенти подеднакво постапува согласно законската регулатива како и согласно стандардите на Групацијата на која припаѓа кога воспоставува деловен однос со клиент, одговараат од банката на новинарските праања на Република.

Оттаму објаснуваат дека за отворање на трансакциска сметка потребно е дополнително време за верификација на личните податоци, што во пракса подразбира отворање на сметката во текот на работниот ден или најдоцна наредниот работен ден.

Сепак, според ведочењето Неќак имал поинакво искуство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.