Првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби ексклузивно во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 одовори во врска со тендерот за надзор на изградба на Коридор 8, договор кој го доби „Бехтел Енка“.

На тендерот за надзор се јавиле две компании, Хил, американска и една хрватска компанија. Американската компанија не ја доставила документацијата навремено со што била дисквалификувана и со тоа останала само хрватската. Но, хрватската компанија не ја доставила банкарската гаранција од 2.7 милиони евра. Подоцна се увидело дека зад таа компанија стојат руски пари.

Според Груби, добро што излегло вака, на наредниот тендер оваа компанија нема да има право да учествува. Според него, сега се очекува во средината на ноември да започне се ако се оди според планот.

Ова беше објаснување на Првиот Заменик на Претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби зошто не започнала изградбата во месец август како што рече лидерот Ахмети во истото студио.

Договорот беше склучен на 3 август годинава помеѓу ЈПДП и фирмата носител на групата понудувачи „ИГХ Институт“ од Загреб, Хрватска. Вредноста на договорот изнесувала 22,6 милиони евра, а во информацијата што ИГХ Институт ја доставил до Загрепската берза пишува дека таа на тендерот настапила заедно со македонска фирма со назив „Институт за патишта“ со седиште во Велес.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски сподели куса информација дека пропаднал проект вреден повеќе од 2 милијарди евра. Причина за тоа, според кусата објава на Мицкоски, е презафатеноста на владата со местење тендери за надзор. Вредноста на тендерите е вртоглава – 22,9 милиони евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.