Грчките земјоделци од северниот дел на земјата и вечерва периодично го затворија граничниот премин Богородица кон Македонија за сообраќај на сите возила, јави дописничката на МИА од Атина.

Блокадата започнала во 19 часот по локално, односно 18 часот по македонско време, а според информациите, земјоделците исто како и вчера затворале околу 20 минути, а потоа дозволувале да поминуваат возила за да не се создадат редици и доцнења.

Според истите информации, блокадата траела околу час и половина.

Грчките земјоделци по одржаниот масовен протест синоќа во Атина, најавија дека дополнително ќе одлучат кои ќе бидат нивните следни чекори, а не е исклучена можноста да продолжат со досегашните активности што вклучуваат затворања на автопати и гранични премини.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.